Bato

2022年05月11日 辅助工具

插件截图

Bato

插件概述

Додаток за помош при читање за лица со дислексија.

插件详情

Дислексијата претставува состојба при која мозокот различно го процесира пишаниот или говорниот јазик. Еден од десет луѓе на планетата земја се соочува со дислексија. Таа може најдобро да се опише како комбинација од способности и потешкотии што се однесуваат на процесот на учење во неколку области, како на пример читање, пишување, спелување, а понекогаш и математика. Дислексијата не треба да се гледа како попреченост, туку како стил на учење. Дислексијата не зависи од интелигенцијата, од социо-економските услови ниту, пак, од начинот на подучување. Едноставно, мозокот на учениците со дислексија ги примаат надворешните информации, пишани или говорни, на различен начин. Децата со дислексија имаат одредени заеднички ментални функции, како што се креативноста, интуицијата, гледањето имагинарни слики како 3Д-проекции. Дислексичарите размислуваат доминантно со слики, а не вербално, поради што се соочуваат со тешкотии при дешифрирање на пишаните зборови, кои не претставуваат слики, туку симболи за некој предмет, појава, активност или опис.

Важно е да се нагласи дека дислексијата не претставува болест туку невролошка состојба која предизвикува потешкотии во читањето.

За лицата со дислексија од голема помош е асистивната технологија, како што се специјално дизајнираните фонтови, екстензии, книги и разни алатки кои го олеснуваат процесот на читање.

Додатокот Bato е креиран врз основа на првиот кириличен фонт DyslexicFZF кој го олеснува читањето кај лицата со дислексија.

Целта на плагинот е да се подобрат следните аспекти:

1. Разбирање на прочитаното
Алатката ќе овозможува форматирање на текстовите од веб страните со стандарден фонт во текстови со фонтот DyslexicFZF со цел олеснување на читањето;
Покрај форматирањето на текстот алатката ќе овозможува и менување на бојата на позадината на текстот во бои кои овозможуваат полесно читање и можност за зумирање на текстот.

2. Поттикнување на независност
Преку алатката, без помош на професор/учител корисникот ќе може самостојно да го прочита текстот;

3. Едноставност при користење

4. Бесплатна за користење

Работи со повеќето содржини достапни на интернет и лесно се инсталира;

其他信息

官方唯一标识:jmeaajef****************olibjpde

官方最后更新日期:2019年4月10日

分类:辅助工具

大小:366KiB

版本:1.0.1

语言:English (United States)

提供方:www.emitknowledge.com

星级:5

插件下载

下载链接一     下载链接二
Chrome插件离线安装教程

温馨提示

本站中的部份内容来源网络和网友发布,纯属个人收集并供大家交流学习参考之用,版权归版权原作者所有

如果您发现网站上有侵犯您的知识产权的作品,请与我们取得联系,我们会及时修改或删除。

如果您觉得网多鱼对您有帮助,欢迎收藏我们 Ctrl+D